Познатата српска пејачка Ана Бекута се огласи по смртта на нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ, а нејзиното соопштение ви го пренесуваме во целост:
„Почитувана српска јавност, драги пријатели и колеги, моја сакана публико. Ви благодарам за големата поддршка што ми ја дадовте во најтешките денови од мојот живот. Ви благодарам за секоја порака, покана и изразување на сочувство што ја добив откако Милутин не‘ напушти.
Посебна благодарност до персоналот на Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“ проф. Д-р Милован Бојиќ, кој беше на чело на тимот, го држеше во „борбената машина“ еден месец и навистина даде се‘ од себе во борбата за живот на Милутин. Благодарност и до СЈО што го организираше погребот и за големата поддршка што ни ја дадоа.
Решив да се повлечам од јавноста. Ги откажувам сите настапи кои беа закажани во текот на декември. Ги откажувам сите интервјуа, емисии и програми во кои требаше да учествувам и им се извинувам на нивните организатори.
За новогодишните настапи во Требиње и Бања Лука јавноста подоцна ќе биде информирана. Ги замолувам медиумите уште еднаш професионално да си ја завршат работата, да не измислуваат приказни и интриги кои не се случиле и да ја почитуваат мојата приватност во овој тежок период. Ви благодарам многу, драга моја публика. Вие, заедно со моето семејство и пријателите сте мојата најголема сила“, пишува пејачката Ана Бекута.