Балкан

Ана Брнабиќ објави фотографија од срдечната средба со Макрон во Брисел

Ана Брнабиќ објави фотографија од срдечната средба со Макрон во Брисел

Српската премиерка Ана Брнабиќ е во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на својот Инстаграм профил објави фотографии од, како што наведе, срдечната средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во Брисел.

Да потсетиме, српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Брисел, во пресрет на почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан, изјави дека доаѓа со добри вести и резултати во однос на соработката меѓу Србија и ЕУ.

На прашањето на Танјуг што очекува од денешниот самит, Брнабиќ рече дека очекува и добри резултати и дискусии за новиот План за раст на Западен Балкан.

Пред почетокот на самитот, премиерката се сретна и со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи со кои, како што рече, остварила добри средби.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни