Македонската економија од 2000 –та година наваму има просечен раст од 2,8 %. Според тоа потребни се 70 години за да го достигне нивото на земјите од ЕУ. Доколку одиме со 5% ќе ни бидат потребни 30 години, вели анализата на Светска банка. Република Македонија пред себе има многу работа за да обезбеди стабилна економска средина и приближување кон ЕУ. И покрај првите знаци на забрзување по долготрајната политичка криза, економската средина на земјата останува тешка.
-Во Белата книга се наоѓа мониторнигот на ситуацијата во законската регулатива, во други различни области за развојот и стекнатото искуството и нуди практични совети како да се развие бизнисот – рече Петер Штефан.
Да направиш некакво селектирање на Балканот , па и во Македонија во кое ќе дадеш приориет на накои дејности како да си направил самоубиство од заседа – вели Азески, бидејќи се уште сакаме да бидеме еднакви, да измислиме капитализам без капиталисти. Странските инсветитори се дојдени за профит додава тој.
-Ти да кажеш како влада на РМ дека ќе помагаш хоризонтално на добрите, а не на сите тоа е храбра одлука. Ама ти велиш точно за што, за извозот и за индустријализацијата. Зошто? Затоа што сме процениле дека во една мала економија со мал пазар тие се елементите што можат да ја придвижат економијата напред – изјави Азески.
Во првиот квартал на 2019 премиерот очекува значителен раст на економијата. Забележано е намалување на сивата економија споредено 2017 –та и 2018-та година во октомври.
-Нашите очекувања беа дека месечно растеме со некои 4, 5, па до 6 проценти во вкупното прибирање на даноците во државата како и социјалните придонеси како здравствениот и поензискиот придонес, параметрите покажуваат меѓу 15 -24 посто пораст – вели Премиерот Зоран Заев.
Јуни следната година ќе биде меден месец за деловниот сектор кој треба да се подготви да ги искористи бенефитите- порача премирот Заев на промоцијата на „Белата книга“, каде се опфатени забелешките
Репортер: Александра Велинова
