Анџела Прајс Агелер иден амбасадор на САД во РСМ

Анџела Прајс Агелер ќе биде новата амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, објави демократското мнозинство во Сенатот.

Таа минатата недела на Сенатската Комисија за надворешни работи имаше сослушување за нејзината мисија амбасадор во Македонија на која таа рече дека ќе ги охрабри судските реформи, но и ќе работи да и помогне развивањето национална стратегија со која, како што истакна, ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери.

САД и Северна Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеење на правото и зајакнување на доброто владеење, истакна тогаш Агелер.

Поврзани вести

Најважното