Македонија

Андоновски ќе ја презентира иницијативата „Роаминг како дома“

Андоновски ќе ја презентира иницијативата „Роаминг како дома“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ќе одржи брифинг за медиумите, на кој ќе го претстави системот за издавање на СМАРТ лиценци. Овој систем е наменет за лиценцирање на субјекти кои вршат јавни овластувања, а ќе бидат презентирани и пилот лиценците за даватели на квалификувани доверливи услуги

Според информациите од Министерството, системот вклучува:

  • електронско барање;
  • електронски регистар;
  • QR проверка;
  • транспарентност;
  • проверлива трага.

Иницијативата „Роаминг како дома“

На средбата, ќе бидат презентирани и активностите поврзани со иницијативата „Роаминг како дома“. Целта на оваа иницијатива е да се олеснат комуникациските услуги за граѓаните, како и да се дискутираат актуелни прашања кои произлегуваат од надлежностите и тековната работа на Министерството за дигитална трансформација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни