Македонија

АНДОНОВСКИ СТАВА КРАЈ НА ХАОСOT: Државни податоци се чувале во Германија и „под скали“, сега се гради нов супер-дата центар!

АНДОНОВСКИ СТАВА КРАЈ НА ХАОСOT: Државни податоци се чувале во Германија и „под скали“, сега се гради нов супер-дата центар!

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето на „4ТВ“ отворено зборуваше за безбедносните пропусти во минатото, сајбер-нападите врз Фондот за здравство и изборните циклуси, како и за планот на Владата за целосна централизација на државните податоци. Андоновски откри шокантни детали за тоа како со години се менаџирала дигиталната инфраструктура во Македонија.

„Во минатото, секое министерство имаше свој веб-сервер. Се изнајмуваа сервери по Германија, буквално кој како ќе стигнеше, така се снаоѓаше со хардверска опрема за чување на тие податоци“, истакна Андоновски.

Говорејќи за безбедноста на системите, министерот повлече јасна паралела за тоа како функционира платформата за интероперабилност, која за разлика од претходните системи, воопшто не задржува податоци кај себе.

„Платформата не чува податоци. Таа е како автопат по кој поминува автомобил без да остави трага“, вели Андоновски и додава дека Министерството само следи дека помеѓу две институции се споделил одреден пакет, но нема увид во содржината. Енкрипцијата се случува на почетокот и на крајот на врската.

„Хардверот на Министерството е физички обезбеден од пожари, поплави и земјотреси, а секундарно се чува во државниот дата-центар во Прилеп (сопственост на МВР), кој ги исполнува високите европски „Тиер 3“ (Tier 3) стандарди“, вели тој.

Андоновски објасни дека Владата, под водство на премиерот, донела одлука да се прекине практиката каде секоја институција сама закупувала „облак“ (cloud) платформи од приватни партнери, без да се знае техничката спецификација и нивото на безбедност.

Сега, сите државни податоци наменети за „облак“ се селат на дедицирана опрема во Министерството за дигитална трансформација. Досега веќе се мигрирани 10 институции, а останатите ќе се префрлаат сукцесивно по истекувањето на нивните приватни договори.

За институциите кои се скептични кон „клауд“ решенијата, привремено е дозволено да ги чуваат податоците на физичка инфраструктура, но само додека не се изгради новиот голем државен дата-центар. Физибилити студијата е веќе во тек и првата верзија е подготвена.

„По изградбата на овој дата-центар, веќе нема да биде дозволено институциите да чуваат податоци на сервери во несоодветни услови – под скали или во ходници. Мал прекин на струја, поплава или пожар во такви услови може да направи национална катастрофа“, дециден е министерот Андоновски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни