Анѓушев: Да се забрза економската соработка помеѓу земјите

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, изјави на одржаниот прв состанок на мешовитиот управувачки комитет помеѓу Владите на Р. Македонија и СР Германија, тело кое е формирано на германска иницијатива, а во насока на интензивирање на соработката на двете земји во економското поле кој е претседавач на телото од македонска страна истакна дека Република Македонија и Сојузна Република Германија имаат одлична економска соработка, Германија е прв трговски партнер на нашата земја и една од ретките со кои оставруваме суфицит во трговската размена.

„Целта на заедничкиот управувачки комитет е да ја забрза и подобри соработката на економско поле помеѓу Македонија и Германија, комуникацијата да биде подиректна, полесна и поедноставно да се надминуваат административните и бирократските бариери. Се разгледуваат три главни теми, од кои првата е зголемување на соработката во индустриското производство, односно да обезбедиме поголем извоз на македонски производи на германскиот пазар, како и поинтензивен трансфер на знаења и технологии од Германија во нашата земја“,нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Извор: ТВ21