Македонија

Анѓушев: Ја ублаживме невработеноста, зголемени плати… ВМРО-ДПМНЕ: Каде е ветувањето за плати од 30 илјади денари?

Според статистичките податоци објавени минатата недела од Светска Банка, 500 илјади лица се иселиле од земјата во европските земји за подобар живот и перспектива. Оваа појава, според вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, може да се намали само со зголемувањето на инвестициите и платите. Тој вели дека со овој феномен не се соочува само нашата земја. Според него со истиот проблем се соочува и Хрватска, Албанија, Косово и Србија.

Со реакција излезе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека СДСМ останала без идеи и тврдат дека економскиот политички план е погрешен. Тие ја потсетија власта дека ветиле плати од 100 илјади денари за лекарите специјалисти и 30 илјади денари просечна плата.

Инаку, минатиот месец имаше зголемување на платите во јавниот сектор од 5%, а од декември, минималната плата ќе се зголеми за 2 илјади денари. Со оваа зголемување се очекува минималната плата да изнесува 14 илјади и 500 денари.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни