Од Анима Мунди реагираат на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе побараме помош од Брисел за да се справиме со кучињата скитници.
Од таму велат дека ниту Брисел е неопходен, ниту пак пари за да го изменат по итна постапка Законот за заштита и благосостојба на животните!
„Со години се справуваме со последиците, замачкуваме симптом, се убиваат животни, страдаат граѓаните, се трошат енормни пари, но не ги третираме причините, изворот на проблемот – неодговорното сопствеништво, размножувањето и напуштањето!
Анима Мунди во 10 наврати доставува предлог измени и дополненија на Закон за заштита и благосостојба на животни, усогласени со најуспешни ЕУ практики, поддржани и од ЕУ парламентарци, кои во континуитет се игнорирани, а истите дефинираат мерки за контрола, сузбивање, надминување на проблемот. Основни се:
1. законска забрана за еутаназија на бездомни животни,
2. законска забрана за размножување на кучињата, освен во случај на регистрирана одгледувачница, регулирање и воведување данок за таа дејност
3. законска забрана за напуштање миленик
4. задолжително регистрирање (со микро чип) на животните од раѓање и создавање функционална јавна и единствена база на податоци од домашни миленици како и кучињата кои се користат при лов, а кои често пати се напуштаат или подаруваат доколку не ги задоволуваат потребните стандарди.
5. Прецизна законска регулација на трговијата со домашни миленици во пет-шоповите и одгледувачниците (кучиња/мачки)
При тоа од надлежните е неопходна сериозна а не декларативна посветеност , програми преку кои плански и во континуитет ќе се промовира/помогне вдомување, наместо купување миленик; воспоставување на национален акт за унифицирање на програмата во сите прифатилишта во Македонија (залови – стерилизирај – вакцинирај – врати , но плански, брзо и масовно во размери кои соодветствуваат со реалните потреби на општините – 75% од слободните единки и мерките а се таргетираат во првата година од мандатот на ЕЛС, на сметка на драстично помала стапка во наредните години доследно/без импровизација/без нарушувања преку комбинирани пристапи и сл. Општините Да овозможат субвенции /бесплатни кастрација и стерилизација на домашните миленици (ова би требало да биде национална програма); планираат и спроведуваат во континуитет мерки кои ќе им помогнат особено на сопствениците на миленици во руралните и приградски средини ( овие кучиња најчесто во поголем дел од денот лутаат слободно) каде достапност на ветеринарни услуги и грижа е дефицитарна, со мобилни вет. екипи за кастрација.
Во сите овие активности Анима Мунди и бројни други здруженија и активисти нудела и нуди своја помош но сме игнорирани. Штетата не ја трпат политичарите туку е секогаш на грбот на граѓаните и животните!“, велат од таму.