Требаше ли да им се замени затворскиот притвор во „Шутка“ со домашен притвор на Орце Камчев, Цветан Панделески, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков ги прашавме дел од граѓаните по случаен избор. Мислењата поделени.
-Верувајте дека ова да се случеше пред 10 години немаше да им толку ослободителни пресуди. И за сите што го прават тоа, не само за нив. Само што овој народ е чуден не му е битно за кого гласа.
-Ставија крај на правосудството во Македонија.
-Сите да ги ослободат не само нив, сите. Тие се да ги наградат да ги стават министри, како што ги ставија од Шарена револуција, така да ги стават и нив. На нивно место, над нив. Да ни се врати ВМРО да ни дојде Груевски да ја води државата. А Ивановски презлатен, алал да му на искреноста на убавината на зборовите и што ја држи Макеоднија.
-Каква држава сме ние само владеат криминалци со вакви луѓе не банана нема, ни слива да бидеме.
-Не мислам стварно ништо.
-Што да мислам тие што мислат тие си изрежираа, само ни продаваат басна, за мали пари купи ден продај ден. На сите ни е јасно и децава од градинка се смеат на такви постапки. Ние сме во кафез каде излез нема, има една свеќа запалена свети и мислиме дека има излез.
И додека некои граѓани ја оправдуваат судската одлука за заменување на затворскиот со куќен притвор некои не губат доверба во институциите. Eдно е сигурно, Орце Камчев, Цветан Панделески, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков, Новата 2019-та ќе ја дочекаат дома, а не во затворот во „Шутка“.
Репортерка: Александра Велинова
