Македонија

Ансамблот за песни привремено во Чаир, салата „Партизан“ ќе се реновира на почетокот на 2019 година

Во салата „Партизан“ во Чаир порано се тренираа неколку видови на спорт, како што се кошарка, бокс, итн. Во последно време овие простории ги користи и Албанскиот државен Ансамбл. Ова го потврди и министерот за култура, Асад Адеми.

„Ансамблот на албанските песни и ора е национална институција со директор, адреса и со се што има една национална институција. Моментално адресата е во салата „Партизан“ во скопски Чаир“, вели Асаф Адеми – Министер за култура.

Како што тврдат и  министерот за култура и директорот на оваа институција, Фатос Љумани, сегашната адреса е привремена. Од друга страна, градоначалникот на Чаир вели дека на почетокот на 2019 година, оваа сала ќе се реновира и ќе служи за спортски активности.

„Во 2019 година е предвидено реновирање на салата „Партизан“, во партнерство со Град Скопје. Град Скопје ќе учествува со 12 милиони денари а ние како општина со 6 милиони денари. Тендерот за проекција помина во гард Скопје и сега ги очекуваме другите процедури. Така да што очекуваме од март да почне реновирањето на салата Партизан“, вели Висар Ганиу – Градоначалник на Чаир.

Ганиу вели дека не претставува проблем тоа што Ансамблот ги користи овие простории. Но, според Фатос Љумани, еден објект за да биде функционален за Ансамбл, треба да има сцена. Нешто што ова сала го нема.

Љумани вели дека се бара адекватен објект за Ансамблот на албанските песни и ора. Тој побарал да бидат со адреса на Домот на Арм, но од Министерството за одбрана добиле негативен одговор.

Репортер: Аљмедина Исмајли

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни