Антикорупциска со нова стратегија – Ивановска: „Никој на никому ништо не должи“

Комисијата за спречување корупција започна со изготвување петгодишна стратегија за борба против корупција. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, рече дека „борбата“ која им претстои како институција е тешка. Таа апелираше граѓаните ги повика граѓаните да се освестат и да пријават корупција.

Според Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи оваа стратегија се формира во вистинско време , бидејќи во Европската унија, клучното начело е токму борбата против корупцијата и правна држава.

Корупцијата, судирот на интереси и непотизмот се феномени кои постојат уште од формирањето на државата според министерот Роберт Поповски и порача институциите да бидат поотворени кон ДКСК.

Во работните групи за изготвување на Националната стратегија учествуваат голем број функционери, меѓу кои и владини министри и собранискиот спикер, Талат Џафери.

Извор: ТВ21