Свет

Антонио Тајани: Нема ништо лошо во тоа Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир

Антонио Тајани: Нема ништо лошо во тоа Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир

Заменик премиер на Италија и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денеска изјави дека не гледа ништо лошо во тоа американскиот претседател Доналд Трамп да ја добие Нобеловата награда за мир, откако неговиот мировен план за Газа доведе до прекин на огнот.

„Зошто би било тоа скандалозно?“, рече Тајани за телевизијата Медјасет, одговарајќи на прашањето што мисли за можноста Трамп денес да го освои престижното признание, пренесува Анса.

„Мислам дека веќе порано одлучиле кому ќе ѝ ја доделат наградата. Ќе дознаеме денес. Но, фактите се тука. Можеби ви се допаѓа Трамп или не, можеби се согласувате или не со неговата политика, но објективна е фактот дека тој дејствувал и постигнал позитивен исход“, истакна Тајани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни