Апелација ги одби жалбите, Јанакиески и Божиновски остануваат во притвор

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и екс секретарот на владата Кирил Божиновски остануваат во притвор.

Попладнево, откако беа разгледани нивните аргументи дека не биле точни информациите дека ќе се дадат во бегство, Апелацискиот суд одлучи да ги одбие нивните жалби.

Вчера, на јавна седница Јанакиески и Божиновски се бранеа дека информациите кои СЈО ги доставило до Кривичниот суд со кои барало притвор за нив, не биле точни и дека тие немале никаква намера да ја напуштат државата како нивниот поранешен шеф Никола Груевски.

Јанакиески и Божиновски се обвинети во случајот „Титаник“, а по бегството на Груевски СЈО побара, а Кривичниот суд им определи 30 дневен притвор.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното