Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Бојан Јовановски – Боки 13, по одлуката на Кривичен суд за продолжување на притворот на првоосмничениот во случајот „Рекет“.
Боки 13 вчера на јавна седница побара укинување на притворот, и замена со домашен притвор, при што како образложение ја искажа неговата нарушена здравствена состојба. Тој на седницата присуствуваше со адвокатот Сашо Дуковски.
„Треба за овој случај да бидам жив, а не мртов. А, мојата здравствена состојба е животнозагрожувачка“, рече Боки 13 на давањето исказ во Судот.