Апелација одлучи – поради опасност од бегство Катица Јанева останува во притвор

Екс-специјалната јавна обивнителка Катица Јанева остануа во притвор, одлучи Апелациониот суд.

Од таму додаваат дека Јанева може да се даде во бегство, па затоа и барањето за поблага мерка – куќен притвор се отфрла.

Во одлуката, апелација наведува дека со завршување на истрагата, поранешната специјална обвинителка не може да влијае врз истрагата за предметот и сведоците па затоа точката два од решението е преиначено, но останува во притвор според првата точка односно опасност од бегство.

Извор: ТВ21