Арачиново, годините минуваат, а проблемите остануваат – без канализација, вода за пиење и дежурство 24 часа во амбуланта

Емисијата „Клик Плус“ ја посети општината Арачиново за одблизу да ги слушне проблемите со кои се соочуваат граѓаните. И овојпат жителите ги повторија истите проблеми кои со години не се решаваат. Канализацијата и немањето вода за пиење остануваат главните предизвици за мештаните.

Во емисијата, телефонски се вклучи и градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими. Таа уште еднаш вети дека секој проблем на жителите ќе биде решен.

Жителите на Арачиново, во емисијата „Клик Плус“ се пожалија и за отпадот кој, како што велат, не се чисти, како и за нефункционирањето на амбулантата 24 часа. По Идризово, Визбегово и Арачиново, следниот понеделник „Клик Плус“ ќе ја посети Дижонска во Чаир.

Извор: ТВ21