Архитектонско чудо: Необична куќа од три дела која виси од работ на планина

Планинска куќа составена од серија на навидум испреплетени стаклени блокови со премини кои одат нагоре, надолу – и настрана, и од кои се распрснува неверојатен поглед на околината.

Куќа на карпа на канадскиот остров Квадра во Британска Колумбија е неверојатен пример на модерна архитектура која сака да се вклопи во својата околина.

Иранскиот архитект Милад Ештијаги имал задача да создаде изглед кој ѝ пркоси на гравитацијата за семеен дом на планина – поточно, на издигнато место каде што биле засадени четири стари дрвја.

Бидејќи не сакал да ги отсече, ниту да ги премести, куќата ја поставил на просторот меѓу дрвјата.

Конечниот резултат? Планинска куќа составена од серија на навидум испреплетени стаклени блокови со премини кои одат нагоре, надолу – и настрана, и од кои се распрснува неверојатен поглед на околината.

Застаклените ѕидови може да се отворат со механички кабелски систем и на тој начин да го трансформираат ентериерот во полуотворена тераса, но и да овозможат продирање на свеж планински воздух.

Куќата е поделена на три нивоа според потребите на клиентот – едното ниво е резервирано за родителите, другото за синот и неговата сопруга, а овие две нивоа се меѓусебно поврзани со рекреативен спортски простор.