Македонија

Арјанит Хоџа побара да се прекине непотребното осветлување на Милениумскиот крст

Арјанит Хоџа побара да се прекине непотребното осветлување на Милениумскиот крст

Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа бара да се исклучи осветлувањето на Милениумскиот крст.

Ваквото барање следува по одлуката повеќе да не свети Ајфеловата кула во Париз.

„Во Париз е донесена одлука за намалување на осветлувањето на Ајфеловата кула, со што се заштедуваат непотребни трошоци за струја особено во периодот на енергетската криза која започна и се очекува да се продлабочи оваа зима.

Наместо нашите лидери да ни кажуваат како да се користи струјата во домаќинствата, јас јавно предлагам да почнат да штедат и да го прекинат непотребното осветлување на Милениумскиот крст на Водно, Скопје!“, објави Хоџа на Фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни