Армијата на Буркина Фасо денеска соопшти дека убила двајца влијателни терористички лидери, едниот на север, а другиот на северозапад. Ова се случи минатата недела, пренесе АФП.
На 26 мај, Тидијан Џибрилу Дико беше „неутрализиран со воздушни напади во околината на Тонгомајел“ на север, изјави високиот воен Ив Дидие Бамуни. Тој рече дека лидерот на џихадистите е одговорен за голем број напади врз цивили и дека планирал и водел заседи против воените единици.
Вториот беше ликвидиран Сангаре Дембо. Тој беше меѓу терористите кои планираа и извршија напад на притворот Нуна ноќта на 8 мај, а на 9 мај беше нападната воена единица во Барани и организатор повторно беше тој, објаснуваат од војската.
Од 2015 година, Буркина Фасо е предмет на џихадистички напади од движења блиски до Ал Каеда и Исламската држава. Во нив загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а 1,8 милиони луѓе беа протерани од своите домови.
