Со пристапувањето во НАТО, АК 47, или попознат како калашников, веќе нема да биде оружје кое ќе го користи Армијата на Северна Македонија. Овој руски модел, со зачленувањето во Североатланската Алијанса, ќе биде заменет со оружје произведено од западните земји. Заменик-минситерот за одбрана, Беким Максути, за ТВ21 раскажа за реформите кои се очекува да се направат во АРМ.
-Факт е дека веќе почнавме со замена на она што се нарекува источен калибар, со западен. Во нашите структури, односно во вооружените сили на РСМ, веќе неколку години се опремуваме со вооружување калибар 5.56 со поддршка на САД. Тоа не подразбира само лесно, туку и тешко оружје, артилериски системи, како и летала, како што се хеликоптери и други-вели Максути.
Војниците наскоро ќе добијат 14 илјади нови униформи. Максути вели дека ќе има неколку промени, односно веќе нема да има различна облека, туку сите ќе бидат исти.
-Секоја друга набавка со себе носи лекции oд она што сме го виделе при работа и служба со овој вид униформи. Судејќи по тоа дека еден дел од униформите не беа соодветни за војниците, одлучивме да ги премоделираме, за да бидат посоодветни-рече Максути.
Министерството за одбрана на почетокот на месецот го раскина договорот со фирмата која беше задолжена за набавка на воено-теренската униформа за Армијата. Како причина за раскинување на договорот од Министерството наведуваат дека фирмата не го испочитувала договорот, па затоа сега ќе се бира нова компанија. Инаку, вчера претседателот на државата Стево Пендаровски, ја потпиша уредбата за ознаките на униформите на Армијата и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на Република Северна Македонија.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ