Македонија

Арнаудов: Изјава давам само за 50 евра

Неколку новинари присутни пред Судот денеска, ги чекаа обвинетите за настаните од 27 април за да ги прашаат дали ќе побараат амнестија, со новиот Закон кој што пред неколку дена беше донесен во Собранието.

Кога дојде на ред Љубен Арнаудов, тој за изјава побара пари.

„Изјава давам само за 50 евра“, кусо изјави Арнаудов и притоа продолжи кон влезот на Судот.

Повеќемината од обвинетите денеска не беа расположени за комуникација со медиумите, и одбиваа да дадат изјави.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни