Македонија

Арсовска: До вчера бев најдобриот градоначалник, а сега не чинам откако го фатив директорчето со рачето во медот (ВИДЕО)

Арсовска: До вчера бев најдобриот градоначалник, а сега не чинам откако го фатив директорчето со рачето во медот (ВИДЕО)

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска на Советот на Град Скопје го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Таа дрско го нападна Мицкоски и вели дека се крие и не сака да се појави.

„Кога лажете и мафтате со документи и ви се тресе рачето. Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Каде се крие Мицкоски? Имаме одговор? Го нема никаде, се крие. Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни и храбри луѓе. Мицкоским за жал, не е еден од тие“, рече Арсовска.

Таа додаде за смената на директорот Златко Перински.

„Како до вчера бев најдобриот градоначалник, а сега кога им го фатив директорчето со рачето во медот, не чинам“, изјави Арсовска.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни