Арсовска доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Јанчев за Кавадарци, соопшти Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција попладнево рече дека потребни се луѓе кои ќе го променат градот, бидејќи моментално како да сме во 19-ти век.

„Личност која ќе ги обедини сите и тоа ќе помогне за развој на градот. Во овој случај имавме во предвид дека ни треба решение кои ќе обедини, надпартиски, личност која е докажан во својата област“, рече Мицкоски.

На прес коференцијата лидерот на партијата посочи дека ќе ја поддржат Данела Арсовска како независен кандидат за градоначалничка на Град Скопје, а поддршка ќе му дадат и на актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев кој претходно имаше несогласувања со партијата.