Македонија

Арсовска за катните гаражи: Другите што ветувале не ме интересира, ќе бидат реализирани токму онака како што биле ветени

По новинарско прашање околу катните гаражи кај „Чаирчанка“, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска посочи дека ова ветување кое што било дел од нејзината програма, ќе се реализира како дел од нејзината програма.

„Другите што ветувале ниту знам, ниту ме интересира. Да биле кадарни да го спроведат, верувам дека имале соодветно време од 4 години. За жал реализирале само 5% од својата програма. Она што е ставено во програмата за Модерно Скопје, а тоа се тие монтажни паркиралишта, кои се најсовремени и ќе имаат можност да ги задоволат потребите на луѓето, ќе бидат реализирани токму онака како што биле ветени во мојата програма“, додаде Арсовска.

Во однос на бетонските барикади, Арсовска вели дека ќе има целосно решение и проблемот ќе биде решен.

„Исто како што било претходно, ветувале многу наназад мандати и не бил решен проблемот. Тоа што сега се случува таму, не е достојно за луѓето кој живеат таму“, додаде Арсовска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни