ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш јавно го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел, кој го побара лидерот на партијата Христијан Мицкоски на протестниот марш пред Владата во средата. Овој пат на граѓаните им се обрати портпаролот на партијата Димче Арсовски уште еднаш порачувајќи му на Заев да не биде кукавица, туку да прифати ТВ дуел.
„Господине Заев, така и си мислевме, дека ќе избегате од ТВ ДУЕЛ.
Човекот кој што го лаже, краде и продава својот народ и својата држава, нормално е да бега од јавно соочување со лидерот на опозицијата.
Кукавички, со разноразни изговори, барања Зоран Заев повторно одмолчува и бега од јавно соочување со Претседателот, Мицкоски да се соочи пред очите на јавноста и да го каже сето она што го мисли.
Ајде господине Заев, бирајте каде сакате, кога сакате, со кој новинар сакате, на кој медиум сакате, прифатете го дуелот и одважете се да излезете на јавното соочување пред очите на јавноста. Не се кријте зад паушални изјави и барања. Таму ќе имате можност се што сакате да им кажете и да им порачате на граѓаните.
Ајде, одважи се, осмели се, не биди кукавица, поканата за дуел е отворена и може во секое време да се реализира“, рече портпаролот на партијата Димче Арсовски.
