Нема парламентарни избори во април 2020 година, а не очекува продлабочена политичка криза,најавува политичкиот астролог Илија Бошков познат како Крајнички. Тој вели дека граѓаните треба да бидат претпазливи да не подлегнуваат на провокации.
„Во наталната карта во Македонија ќе биде во прво поле значи треба да се внимава да не се предизвикуваат конфликти, не само етнички, но и меѓупартиски. Не е исклучиво некој да се обиде да направи и граѓанска војна. Македонија и Србија, сите во Балканот се наоѓат во судир на две големи сили а тоа се Америка и Русија“, вели Илија Бошков, астролог.
Од политичарите кај него биле Доста Димовска и Љупчо Ѓоргиевски, а многу политичари праќале емисари. Самите не се одлучиле да отидат кај него.
„Покојниот Љубиша Ѓоргиевски 94 година беше тогаш претседателски кандидат и прати кола по мене. И тогаш ми рече да му гледам хороскоп. Дали ќе остане премиер Заев? Прашање е дали ќе има избори. Јас би го советувал што побрзо да излезе од политиката и да обрне внимание на безбедноста“, вели Бошков.
„Дали Груевски ќе се врати од Будимпешта? Еден политичар кој ќе замине од политиката никогаш нема да се врати. Од Будимпешта не знам дали ќе се врати но неговата политичка кариера е завршена“, додава астрологот.
Инаку секоја нова година претставува нов животен циклус. Според кинеската астрологија, во 2020-та година ќе владее Стаорецот, знакот којшто е симбол на трудољубивоста, амбициозноста и брзината. Астролозите истакнуваат дека новата година ќе донесе долгоочекувани и убави промени во животот на сите хороскопски знаци.