Авион на египетската авиокомпанија „Ер Каиро“ од Хургада до Минхен денес во 14:35 часот изврши итно слетување на аеродромот во Белград поради технички причини.
Според информациите, патниците безбедно го напуштиле авионот.
Авионот слетал поради индикации за чад во пилотската кабина.
„Ер Каиро“ подоцна ќе организира продолжување на летот на своите патници до Минхен.