Македонија

Авион на WizzAir наместо во Охрид итно слета во Венеција патувајќи од Германија

Авион на WizzAir наместо во Охрид итно слета во Венеција патувајќи од Германија

Авион од компанијата WizzAir кој лета на релација Дортмунд-Охрид предмалку поради итен случај беше пренасочен кон Венеција, дознава 4NEWS.mk

Авионот побарал итно слетување во Венеција, но во моментов не е позната причината поради која тоа го побарал.

Дознаваме дека станува збор за летот број W67778.

И FlightRadar информираше за овој инцидент.

Авионот во 11 и 54 минути по македонско време слета на пистата во Венеција. Причината за итното слетување и натаму останува непозната.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни