Авионот на Кроација ерлајнс кој денеска летал за Копенхаген се свртел и се вратил во Загреб.
Портпаролот на компанијата, Давор Јанушиќ за медиумите изјави дека авионот е пренасочен назад кон аеродромот во Загреб како мерка на претпазливост. Имале индиции за технички дефект, па со одлука на пилотот авионот бил вратен.
„По полетувањето од Загреб кон Копенхаген, „Ербас 319“ превентивно беше пренасочен назад кон аеродромот во Загреб поради укажување на техничка неисправност. Во согласност со предвидените безбедносни процедури, авионот ќе биде прегледан во техничкиот центар и се очекува многу брзо да се вклучи во сообраќајот“, рече Јанушиќ. Патниците нема ни да излезат од авионот кој наскоро повторно ќе полета за Данска.