Авионот во кој се наоѓа Премиерот Зоран Заев, раќајќи се од самитот во Давос, вечерва не можеше да слета во Скопје поради снежната бура која ја зафати Македонија.
Како што дознаваме, авионот е пренасочен кон Софија каде треба да слета, а потоа со автомобил да продолжи кон Скопје, каде во тек е состанокот на кој треба да се одлучи дали СДСМ ќе прифати предвремени парламентарни избори.