Свет

Австралија сака заострување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Австралија сака заострување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Австралиската влада планира да ги заостри законите што им забрануваат на децата под 16 години да користат социјални мрежи, изјави премиерот Ентони Албанезе.

Експертите денеска изјавија дека владата на тој начин реагира на доказите дека првичната забрана, која им забранува на децата да бидат активни на Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, не била успешна откако беше воведена на 10 декември минатата година.

Австралија беше првата земја во светот што усвои закон со кој им се забранува на младите луѓе да користат социјални мрежи, по што следуваа Канада, Бразил и Индонезија, додека Франција, Шпанија, Данска, Тајланд и Јужна Кореја разгледуваат слични мерки.

Албанезе вчера во Парламентот изјави дека неговата влада разгледува опции за заострување на забраната.

„Тоа е приоритет за нас на кој работиме, бидејќи тоа е нешто со кое другите генерации не мораа да се справат, поради што е комплексно“, рече Албанезе.

Тој денеска за австралиската телевизија изјави дека Владата во моментов разгледува дали законите се доволно строги, како и тоа дали комесарката за електронска безбедност Џули Инман Грант „ги има на располагање сите овластувања“.

Минатата недела Велика Британија објави планови за забрана за пристап до низа платформи за деца под 16 години за да ги заштити од штетна содржина и премногу време поминато пред екран.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни