Свет

„Австралиски херој“: Кој е човекот што му ја грабна пушката на еден од напаѓачите?

„Австралиски херој“: Кој е човекот што му ја грабна пушката на еден од напаѓачите?

Веднаш по масакрот на плажа во Австралија, на социјалните мрежи почна да кружи видео од маж како невооружен се приближува до еден од напаѓачите и му го грабнува пиштолот, кој потоа го користел за да отвори оган врз луѓе на плажата Бонди во Сиднеј.

Мажот, случаен минувач, е идентификуван како 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, а многумина го нарекуваат херој.

На видеото, кое беше потврдено од Би-Би-Си, Ахмед трча кон напаѓачот, кој е свртен со грб, и му го грабнува пиштолот, пред да го насочи кон него, принудувајќи го да се повлече.

Ахмед, сопственик на продавница за овошје и татко на две деца, бил однесен во болница со прострелни рани на раката, изјави неговото семејство за 7News Australia.

Петнаесет лица беа убиени, а десетици повредени во пукотницата на 14 декември, кога повеќе од 1.000 луѓе присуствуваа на настанот за Ханука на плажа во Сиднеј.

Полицијата го прогласи нападот за терористички чин насочен кон еврејската заедница.

„Тој е херој, целосен херој“, изјави Мустафа, братучед на Ахмед, за 7News Australia.

„Се надевам дека ќе биде добро. Го посетивме, беше добро, но чекаме да видиме што ќе кажат лекарите.“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни