Свет

Австрија ќе го поддржи 19-тиот пакет санкции против Русија на состанокот на ЕУ во Луксембург

Австрија ќе го поддржи 19-тиот пакет санкции против Русија на состанокот на ЕУ во Луксембург

Австрија ќе го поддржи 19-тиот пакет санкции против Русија на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург во понеделник, објави австриската агенција АПА.

Како што ѝ беше кажано на агенцијата во Министерството за надворешни работи на Австрија, Виена исто така поддржува „континуиран притисок врз Русија“.

Тема на состанокот во Луксембург ќе биде и средбата меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта, која ја најави американскиот лидер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни