„Избегнувајте јавни места. Претпоставуваме дека има неколку терористи на улиците. Тие се опасни и силно вооружени. Останете безбедни“, предупреди Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер
Тој вечерва изјави дека „терористичката активност“ се уште е во тек во Виена и дека полицијата трага по терористите.
„Почнуваме од фактот дека имаше повеќе напаѓачи“, рече Нехамер.
Министерот истакна дека поради акцијата која сè уште трае, не може точно да каже каде точно полицијата трага по терористи.
Сепак, тој побара од граѓаните да не ги напуштаат своите домови, а оние што се во угостителски објекти, да останат во нив.
Тој исто така ги замоли граѓаните да испраќаат видеа за нападите на веб-страницата на австриската полиција.
На прашањето на јавниот сервис ОРФ дали синагогата била цел на нападот, Нехамер рече дека пукањето било прво во улицата Сајтентететегасе, каде се наоѓа овој верски објект, и дека потоа било пукано во блиските шест места.
.
