Автобус излета од патот: Сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопатот Белград – Ниш кај селото Катун.

Според информации, тројца мажи и две жени, кои се здобиле со повреди, биле патници во автобус со германски регистарски таблички кој излетал од патот.

Брзата помош сите петмина ги пренела во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Сообраќајот се одвиваше забавено поради увидот и беше целосно нормализиран во 04:30 часот. Известено е надлежното обвинителство, се утврдува причината за несреќата.

Фото: Архива