Свет

Автобус се преврте на автопат во Германија, повредени речиси 30 ученици

Автобус се преврте на автопат во Германија, повредени речиси 30 ученици

Автобус со ученици се преврте во близина на градот Олпа во западна Германија и 27 од нив се повредени, објави денеска германскиот весник „Билд“.

Според пишувањето на весникот, автобусот превезувал училишни деца на возраст од 15-17 години од Марбург за Англија, а во него имало и возрасни сопатници.

На автопатот А45 автобусот наеднаш излетал од патот и се превртел. Во несреќата повредени се вкупно 27 тинејџери, од кои четворица потешко, а полесно е повреден и возачот на автобусот (54 години). Училишното патување беше откажано и беше организирано враќањето во Марбург.

Некои родители самите дојдоа да си ги земат децата. Како што соопштија од итната помош, во болницата биле распоредени и психолошки обучени лица за згрижување на повредените.

Полициските експерти почнаа да собираат докази за несреќата.

Полицијата соопшти дека засега нема информации за причината за несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни