Македонија

Автобусот се самозапалил по првиот удар, вели Спасовски

Предметниот автобус на „Беса-транс“ кој се движел од Турција во Бугарија удрил во банкината при што возачот изгубил контрола над возилото по што дошло до самозапалување на возилото. Потоа удрил во средишната банкина. Настрадани се 45 лица додека 7 успеале да го напуштат автобусот и биле пренессени во клиниката во Пирогов. Од страна на обвинителот, нашиот тим беше запознат за дејствата и активностите од нивна страна. Тимот во клиниката Пирогов изврши разговор со едно лице со цел добивање повеќе информации за несреќата, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Полицијата прави контрола на документи кои лицата и возилата треба да ги имаат при преминување на државната граница односно патни исправи а за возилата ги контролира сообрачајната дозвола и зелениот картон. БЈБ не е овластено да ги проверува лиценците, тоа го прави Царината. Автобусот оваа година поминал 113 пати преку граница“, вели Спасовски.

Тој додава дека возилото е произведено 2007 година и дека во 2020 и 2021 година се поднесени вкупно 8 прекршочни пријави против „Беса-транс“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни