На патот Градско – Прилеп, вчера попладне, патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со битолски регистарски ознаки управувано од В.С.(55) од Битола во кое се превезувале двајца сопатници излетало од патот.
Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.С.(51) на која и е укажана лекарска помош во Градска болница Прилеп.
