Македонија

„Автопатот Кичево-Охрид готов до 2021 година – ќе инвестираме и во здравство“, рече Шеќеринска

„Да продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, очекуваме еден од главните правци Кичево – Охрид да биде готов на крајот на 2021 година, но предвидуваме и дополнителни автопати и експресни патишта, и трето многу ни е важно и во овој регион да инвестираме сериозно во јавното здравство кое сега со ковид кризата ни покажа колку е важно“, истакна носителката во ИЕ 5 од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ на ТВ21.

Таа додаде дека сериозни проекти почнале во неколку општини и тие инвестиции веќе се гледаат.

„Регионот во 5-ка е капацитет за државата и во поглед на развој на туризамот, меѓутоа доколку сакаме да развиваме нов модерен тип на туризам ни требаат и овие инвестиции во инфраструктурата и поддршка на домашните компании, но да водиме сметка и за екологијата и за заштита на животната средина“, порача Шекеринска.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни