Проектот за автопатот Скопје – Блаце, вреден 110 милиони евра, ќе се спроведува во два дела. Според одлуката на Владата, првиот дел од граничниот премин до првата спојка, кај селото Блаце, во должина од 1,9 километри ќе се гради со државни пари од Јавното претпријатие за државни патишта. Останатиот дел од 10 км ќе биде граден со кредит од ЕБРД, но аплицирале и за 27 милиони од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан од ЕУ.
СЛЕДЕТЕ НЕ:
