Балкан

Баба и подари 15 илјади денари на општината – била многу задоволна од локалната власт

80-годишна Бугарка и подарила 500 лева (околу 15.750 денари) на управата на Општината Стамболиски (Пловдивската Околија).

Се работи за Марија Дончева, која сака овие пати да се искористат за нешто ново и убаво во градот. Таа своето барање го споделила со градоначалникот Георги Мараџиев.

Бабичката вели дека ги собирала парите повеќе од 10 години како продавачка на тезга, а засега не открива јавно за што ќе се користат нејзините пари.

Причината за нејзината донација е „тоа што ужива во сѐ што е изградено од тимот на градоначалникот“, па сака работата да продолжи на ист начин.

„Немам што повеќе да кажам, освен тоа дека оваа жена заслужува поклон доземи! Убеден сум дека со тоа што ќе го градиме со нејзините пари, ќе ја направиме среќна!“, изјави градоначалникот.

Бабата има 40 години работно искуство и добива пензија од 15.000 денари, објави „Дарикњуз“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни