Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Белата куќа ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер изјави дека Бајден ќе се приклучи на состанокот меѓу Столтенберг и советникот за национална безбедност Џејк Саливан на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за следниот состанок на НАТО во Шпанија.
Тие „ќе разговараат за подготовките за самитот на НАТО во Мадрид и за силата на трансатлантската алијанса“, рече Жан-Пјер.
Самитот во Мадрид е закажан за крајот на јуни, а американскиот претседател претходно ги поддржа кандидатурите на Финска и Шведска за влез во НАТО, наведува Си-Ен-Ен.