Свет

Бајден: Нападите на Доналд Трамп врз судот во Њујорк се закануваат да го дестабилизираат правниот систем на САД

Бајден: Нападите на Доналд Трамп врз судот во Њујорк се закануваат да го дестабилизираат правниот систем на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги осуди нападите на републиканскиот противник Доналд Трамп врз судот во Њујорк, кои го прогласија за виновен во кривична постапка за тајни плаќања, тврдејќи дека тие се закануваат да го дестабилизираат правниот систем на САД.

„Несовесно е, опасно е, неодговорно е некој да каже дека ова е наместено, само затоа што не му се допаѓа пресудата“, рече Бајден во Белата куќа, објави Блумберг.

Тој нагласи дека треба да се почитува американскиот правосуден систем.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни