Соединетите Држави се подготвени да и ја пружат сета потребна помош на Јапонија по земјотресот што денеска ја погоди таа земја, најави американскиот претседател Џозеф Бајден.
– Како блиски сојузници, САД и Јапонија споделуваат длабока, пријателска врска што го обединува нашиот народ. Нашите мисли се со јапонскиот народ во ова тешко време – рече Бајден, а пренесе Ројтерс.
Во земјотресот загинаа четири лица, а се уште се трага по неколку лица за кои се претпоставува дека се наоѓаат под урнатините.
Наредена е евакуација на повеќе од 100.000 луѓе.
Повеќе од 36.000 луѓе останаа без струја во префектурата Ишикава, а повеќе од 30 згради се урнаа во градот Ваџима досега, а предупредувањата за цунами беа издадени веднаш по земјотресот, но подоцна беа ревидирани на пониско ниво на предупредување. .
По разорниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Ишикава, Јапонската метеоролошка агенција предупреди дека во наредните денови ќе се почувствува силна сеизмичка активност кога земјата повторно би можел да ја погоди земјотрес со јачина од 7 степени.