Американскиот претседател Џо Бајден повика на итни мерки за справување со вооруженото насилство во земјата. Три лица загинаа, а пет се во критична состојба откако вооружен маж отвори оган во вторникот на Универзитетот во Мичиген.
43-годишниот стрелец имал психички проблеми. По нападот тој се самоуби. Ова не е прв пат Бајден да повика на промена на регулативите за оружјето. Само од почетокот на оваа година во САД имало 67 инциденти од слична природа.
„Загубени се три животи, а пет лица се тешко повредени. Ова е најлошиот кошмар на секое семејство. И тоа се случува премногу често во оваа земја“, рече Бајден.
„Додека собираме повеќе информации за случајот, има едно нешто што сигурно знаеме дека ќе помогне. Мораме да направиме нешто за да го запреме вооруженото насилство што не распарчува“, категорично изјави шефот на американската држава.