Балкан

Бараат 4.000 евра за квадрат за стан кој со години не се одржува: Велат предностa е „топ локација“

Бараат 4.000 евра за квадрат за стан кој со години не се одржува: Велат предностa е „топ локација“

Станот е скоро 15 квадрати и се наоѓа во поширокиот центар на градот

Ако мислевте дека нашиот квадрат е скап, тогаш не сте слушнале дека квадрат во поширокиот центар на Загреб чини и до 4.000 евра. Поточно, за стан од 14,75 квадрати бараат 58.000 евра.

Станува збор за стан на кој му треба реновирање, но како предност се наведува фактот што е идеален за дневна изнајмување како и „топ локација“.

– Функционален еднособен стан, зградата има употребна дозвола, сопственоста е во ред – стои понатаму во огласот.

Факт е дека секој недвижен имот има купувач, но она што веројатно ќе им падне во око на многумина, а и ќе им пречи е тоа што станот изгледа не е одржуван.

На приложените фотографии, кои можете да ги видите овде, можете да видите дека подните и ѕидните плочки во кујната и бањата се нечисти, како и дека на ѕидовите има излитена боја.

Инаку, Хрватска во првиот квартал повторно забележа највисок раст на цените на станбените недвижности во ЕУ од годишно ниво, објави неодамна Евростат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни