Свет

Барак и Мишел Обама со поддршка за Камала Харис

Барак и Мишел Обама со поддршка за Камала Харис

Поранешниот претседател на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел ја поддржаа кандидатурата на американската потпретседател Камала Харис за претстојните избори.

Барак и Мишел Обама и ветиле на Харис дека ќе направат сè што е во нивна моќ за да ѝ помогнат да го порази републиканскиот кандидат Доналд Трамп и ја нарекоа „среќна воинка“, пишува CBS News.

„Горда сум на тебе. Ова ќе биде историско“, и рекла Мишел Обама на Камала Харис во телефонскиот разговор, чија снимка ја објави кампањата на Харис, најверојатниот демократски кандидат на претстојните претседателски избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни