Барањето одбиено – Собранието нема да работи по 18 часот

Барањето на пратеникот на редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев работата на Собранието да продолжи и по 18 часот не беше прифатена од претседателот Џафери.

Првиот човек на Собранието, Талат Џафери рече дека пратеник нема надлежност по деловник да бара Собранието да продолжи со работа по 18 часот.

Поради важноста на темата, а и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров се тука, побаравме да продолжиме да работиме и по 18 часот, но немаме одговор – рече Данев.

Џафери го отфрли барањето и рече дека само претседателот на Собранието одлучува дали ќе продолжи со работа Собранието и по 18 часот.

Во меѓувреме дел пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од дискусија.