Барбра Стрејсенд не сака биографски филм додека е жива

Пејачката и актерка Барбра Стрејсенд во моментов ја пишува својата автобиографија и сака нејзините обожавателите токму преку неа да ја дознаат вистината за нејзиниот живот.

Таа во интервју признава дека ќе биде „вознемирена“ доколку се сними филм за неа пред да почине, бидејќи смета дека ќе ја изнервираат сите неточности во тоа дело.

„Ќе бидам ужасно вознемирена ако има нешто погрешно кажано, или – чиста лага. Затоа ја напишав и песната „Не ме лажи“. Веројатно и зaгубив многу мои обожаватели, но никогаш не е доцна да се соочиме со вистината“, порача Стрејсенд.

Таа додава дека, во своите 79 години, не научила убаво да пишува, а откри и дека мајка и сакала таа да биде секретарка и ја терала да пишува.

„А, јас само сакав да бидам актерка. И во знак на протест, ги оставив ноктите да ми растат. Тоа пак, ме спречи да го држам пенкалото, па сега почнувам од почеток. Сега се снимам на мојата апликација „Квиквојс“ и потоа го испраќам тоа на некого за да го напише“, истакна пејачката.